Македонија
Невреме со поројни врнежи и грмежи во текот на ноќта и утре

Под влијание на циклонска активност доцна попладнево, почнувајќи од западните делови, ќе почнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во другите подрачја, јави УХМР.
На места врнежите ќе бидат поројни со поголем интензитет за кратко време и проследени со грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните делови (над 30 л/м2).
Врнежите ќе продолжат и утре, особено во источните делови, каде што на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Овие два дена ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.
Ова се случува откако Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.
Со оваа инвестиција, како што информираат од Владата, ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.
Македонија
Сончево време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Македонија
ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), соопшти вечерва директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Интервенциите ги извел тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.
„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.
ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.