Македонија
Неврологија доби апарат кој открива мултипла склероза пред да се појават симптомите, го побара здружение на пациенти, а го плати обложувачница
На барање на пациентите организирани во Националното здружение за мултипла склероза, Клиниката за неврологија доби апарат за електрофореза, кој овозможува рано откривање на болеста. Ана Карајанова-Димитрушева, претседателка на Здружението, вели дека се ангажирале да се обезбеди овој апарат оти овозможува рана дијагностика на болеста, што може да доведе до ран третман на пациентите и заштита од прогресијата на болеста и настапување инвалидност.
„Апаратот за електрофореза ќе овозможи брза и ефикасна дијагностика. Во дијагностицирањето човечкиот фактор ќе биде намален и ќе се добиваат поверодостојни резултати. Рано ќе може да се согледа болеста за пациентите да бидат ставени на соодветен третман, а со тоа ќе се овозможи да се заштитат од прогресијата на болеста и настапување иреверзибилен инвалидитет. Ова е болест на млада, работоспособна популација. Најчесто се дијагностицира на 20- до 40-годишна возраст. Благодарност најмногу треба да упатам до компанијата ‘Моцарт’, која ги согледа нашите потреби, на лицата со МС, и одвои значителна сума средства за набавка на овој апарат за електрофореза“, рече претседателката Карајанова-Димитрушева.

Доктор Васко Алексовски, специјалист по клиничка биохемија, кој ќе работи со апаратот, потврди дека со него рано ќе се дијагностицираат пациентите со мултипласклероза.
„Се работи за нов современ апарат за екелторфореза, кој ќе овозможи рано детектирање олигоклонални траки, кои се карактеристични за пациентите со мултиплекс склероза. Тоа е апарат со висока сензитивност, висока специфичност и ќе овозможи рано откривање пред да се појават симптомите кај пациентот. Со тоа рано дијагностицирање ќе дојде и до ран терапевтски третман и намалување на инвалидитетот, што е карактеристика за оваа болест“, рече Алексовски.
Апаратот на Клиниката за неврологија, како и три обновени амбуланти, денес свечено го промовира и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Со вакви соработки меѓу институциите, здруженијата и компаниите, Меџити рече дека се унапредуваат состојбите во здравството.
Новиот апарат на Клиниката го обезбеди обложувачницата „Моцарт“. Ивана Стефановска-Крстевска, специјалист за корпоративни процеси во „Моцарт“, најави дека ќе ја продолжат соработката и со Клиниката и со Националното здружение за мултипла склероза.
„Барањето за овој апарат морам да напомнам дека ни стигна од претседателката на Здружението за мултипла склероза, госпоѓата Ана. Ни беше големо задоволство што успеавме да го направиме сето ова бидејќи знаеме колку овој апарат е важен за Клиниката, а особено за сите оние што се соочуваат со оваа болест. Нашата соработка и со Клиниката и со Здружението продолжува и понатаму како и нашата мисија да се помогне секаде каде што тоа е потребно“, рече Стефановска-Крстевска.
Милтипла склероза е болест од која не се умира, не е генетски детерминирана и не е наследна, но може да доведе до инвалидност. Ако навремено се открие или дијагностицира, лекарите велат дека болеста може да се држи под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црвениот крст ја заврши последната исплата од собраните средства за настраданите oд пожарот во „Пулс“
Црвениот крст на 27 февруари 2026 година ја реализираше последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории.
Исплатата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, подготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, изготвена од Комисија при Министерството за здравство.
Со ова, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност изнесува 164.744.901 денари.
Од Црвениот крст информираат дека, со цел поголема транспарентност и отчетност, е подготвен извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на организацијата.
Во тек е и подготовка на финален извештај за собраните и исплатените средства, кој ќе го опфати и останатиот период и ќе биде споделен со јавноста до 15 март.
Црвениот крст продолжува со активностите на терен, со акцент на обезбедување психолошка поддршка за настраданите и нивните семејства преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка.
Фото: ЕПА
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.

