Македонија
Недостиг на витамин Д – причина за многу здравствени нарушувања
Витаминот Д е особено важен витамин, кој има силно влијание врз многубројни витални функции на човековиот организам: го регулира метаболизмот на калциумот и фосфатите, ја поттикнува минерализацијата на коските и ја подобрува нивната отпорност. Затоа е од клучно значење за развојот и обновувањето на коските и забите, како и за подобра функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Д е единствениот витамин што телото може само да го произведе бидејќи се создава во кожата под дејство на сончевите зраци. Присутен и во одредени продукти, како што се мрсната риба, некои млечни производи, но преку нив е тешко да се внесе потребното количество.
Умерениот недостиг на витамин Д може да резултира со појава на хроничен замор, мускулна слабост, депресија, кршливи коски, главоболка и дигестивни проблеми. Истражувањата покажуваат дека недостигот на витамин Д може да предизвика и алергиски реакции бидејќи ако неговото ниво во огранизмот е ниско, го ослабува имунитетот.
Недостигот на витамин Д може да предизвика развој на многу болести, како што се болестите на срцето и крвните садови, дијабетес тип 2, автоимуни заболувања, астма, ревматоиден артритис, мултиплекс склероза и карциноми.

Кај доенчињата и малите деца недостигот на витамин Д може да предизвика рахитис, болест на коските за која е карактеристично омекнување на коскеното ткиво.
Лицата постари од 65 години, бремените жени, луѓето со темен тен, пушачите и луѓето со прекумерна телесна тежина се дел од ризичните групи кај кои е зголемена можноста за недостиг на витамин Д.
Современиот начин на живеење дополнително го зголемува ризикот за недостиг на витамин Д. Реткото изложување на сонце и работата во затворени простории ја попречуваат синтезата на витамин Д во доволни количини во организмот.

За спречување недостиг на витамин Д, доволно е да земате 1 таблета дневно на витамин Д3 на „Крка“, достапен во форма на таблети што содржат 1.000 IE (25 µg/l) холекалциферол (витамин Д3). Има пријатен, неутрален вкус и не содржи конзерванси, бои, ароми и глутен.
Значајна предност на овој лек е високата стабилност, што е од особено значење бидејќи активната состојка е исклучително чувствителна на надворешни фактори, како светлина, влага, кислород и висока температура. Повеќе за производот може да прочитате на: www.vitamind3krka.mk
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

