Македонија
Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест
Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на патот кон евроинтеграциите, што, како што велат, без исклучок е избор на сите граѓани.
„Носењето на овој закон ќе биде и најверојатно клучниот момент при изготвувањето на извештајот за напредокот на Република Северна Македонија што ќе биде доставен до советот на министри на ЕУ. Исто така во текот на вчерашниот ден слушнавме изјава на еден од клучните лидери на земја која во октомври минатата година не дадоа зелено светло за отпочнување на преговори на нашата држава со ЕУ, дека доколку извештајот на министри биде позитивен Македонија ќе добие датум за преговори. Исто така убедени сме дека оваа материја мора да биде уредена бидејќи вака како што се водат постапките и функционира правосудно-обвинителскиот систем состојбата не е добра, особено не за тие што се обвинети.
Ние од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата после нашите консултации со експерти, јавната расправа, разгледувањето на забелешките што во минатиот период ги предлагаше опозицијата и расправата во собранието каде сите ги соочивме аргументиите за и против, повеќе од убедени сме дека вградивме суштински и добри забелешки во законот кои во иднина ќе допринесат правото и правдата да бидат водилка во натамошните процеси, определивме дополнителен рок за усогласување на нашето законодавство со европското со што дополнително ќе се анулираат одредени решенија во други закони кои можеа да бидат злоупотребени во политички цели и конечно дадовме одложен рок на примена, и доколку на било која политичка гарнитура што утре ќе победи и мисли дека треба да направи дополнителни промени во законот ќе има можност да го стори истото. Заради сите овие причини ние го поддржавме овој закон со чиста совест“ велат од Независната пратеничка група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Владата и стопанските комори против зголемувањето на минималната плата
Изземајќи се од одговорност, Владата цврсто стои на страна на работодавачите и повеќе од година и пол, во услови на енормна инфлација, ја држи минималната плата замрзната, обвини Левица.
Од партијата велат дека Економско социјалниот совет е окупиран од Стопанската комора и Владата и функционира како подружница на олигархијата.
„Со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, „третата економија во Европа“ продолжува да го стимулира иселувањето на младите, коешто се обидува да го надополни преку увоз на „странски работници“. Додека соработниците на Мицкоски носат одлуки за покачување на сметките за струја, вода, парно, комуналии, детски градинки, здравствени услуги и дозволуваат неконтролирана инфлација на основните намирници, сѐ повеќе вработени остануваат на работ на егзистенцијата, а вработување никому не му гарантира бегство од сиромаштија. Третата европска економија остана на дното по износот на минималната плата и остана во категоријата сиромашни држави“, се наведува во соопштението.
Според Левица, со самото тоа што Христијан Мицковски и Владата не дава поддршка за зголемување на минималната плата јасно е дека буџетската каса е празна дури и за тековните обврски кон вработените.
„Отсуството од преговори за минимална плата и префрлање на истите со работодавачите од приватниот сектор е само маска и дефокус од реалната состојба на буџетот кој владеачката ВМРО – ДПМНЕ не само што го испразни, она што остана од претходната власт, туку и продолжи со кредитни задолжувања и еврообврзници. Заради себичните партиски и бизнис интереси на десничарската Влада, егзистенцијата на работниците е доведена во прашање. Левица бара итно и неодложно зголемување на минималната плата согласно барањата на работниците, затоа што тоа е единствената алатка која гарантира егзистенција на обичниот човек“, велат од партијата.
Македонија
Муцунски-Фидан: посебен акцент ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности
На маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денеска се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.
Фокусот на разговорите беше ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес. Во тој контекст, беа потврдени одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области.
Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности, како и на продлабочувањето на соработката во други области од заемен интерес.
Двајцата министри го потврдија и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации.
Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички прашања, при што беше нагласена важноста од стабилен и просперитетен регион.
Македонија
Без вода утре делови од скопски Чаир
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( сабота ) поради дефект на четири затварачи од ф – 100 мм на раскрсница меѓу улиците Лазар Танев и Казанџиска, во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Лазар Танев, Казанџиска, Сали Хасим, Кујунџиска, Архиепископ Ангелари, Макарие Фрчковски и Ќурчиска. (Општина Чаир )

