Македонија
(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски
Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник, Никола Груевски.
„Ќе дознаете на седницата кога ќе биде закажана. Имаме став, ама сега не е на ред таа тема“, изјави кусо пратеничката Нола Исмајлоска-Старова.
На новинарско прашање дали е точно дека групата е во контакт со Панчо Минов од ГРОМ и дали ќе има зголемување на пратеничката група со нови пратеници, Исмајлоска-Старова кусо одговори дека групата брои осум пратеници.
Во однос на законот за СЈО, независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ порачаа двете најголеми партии да најдат компромисно решение затоа што законот е предуслов за европската перспектива на земјата.
„Ние даваме поддршка на законот и нашиот став е во насока на охрабрување на политичкиот дијалог. Имаме и свои забелешки, кои ќе ги соопштиме кога ќе бидеме повикани на средба“, изјави Исмајлоска-Старова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

