Македонија
(Видео) Незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат прва фракција во партијата
ФРОДЕМ и членови на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе настапуваат како фракција во ВМРО-ДПМНЕ. Целта на ваквиот начин на дејствување е, како што велат, да ѝ се помогне на партијата да стане вистинска и реална опозиција, а не фиктивна, која ќе има свои конкретни ставови, принципи, идеологија и политики и за најкус можен рок со ново и демократски избрано раководство од членовите на партијата да се врати како победник на политичката сцена.
„Причина повеќе за јавно дејствување како фракција е фактот дека ова наметнато раководство сè уште е во закрила и во стегите на поранешните партиски функционери, без разлика на јавното глумење за некаква реформа и демократизација. Од тоа нема ништо. Доказ е последниот конкурс за избор на претседатели на општинските комитети на партијата по сосема ист терк како сите досегашни“, вели Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.
Ѓулистана Марковска, пратеничка од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, побара јавно од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го промени статутот како што најавувал по неговиот избор со кој ќе се овозможи незадоволните членови во партијата да може да дејствуваат како фракција.
„Ова е повик до Мицкоски и новиот Извршен комитет, тој рече дека статутот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го усогласи со статутите на сестринските европски партии и бараме да се официјализира фракционерството. Ние сме членови на ВМРО-ДПМНЕ, не сакаме да нè третираат како друга политичка партија, но бараме нашиот глас да се слушне. Зад ова стојат многу повеќе луѓе, па и членови пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Бараме партијата да се врати на основните изворни принципи, и ВМРО-ДПМНЕ да остане силна партија како што беше од своето формирање до денес“, рече Марковска.
Тие ги повикаа и пратениците од опозицијата да си поднесат оставки од функцијата ако парламентарното мнозинство одлучи да не се гласа по поднесените амандмани за законот за јазиците, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе бидат пасивни соучесници кои придонеле за разградување на државата, а не преземале ништо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

