Македонија
Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред
Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае непрекинато, ќе влијае и на железничкиот транспорт на патници поради што „ЖРСЖ АД Транспорт“ воведе нов распоред на сообраќај на возовите поради што некои нема воопшто да сообраќаат.
Возови што ќе сообраќаат:
• релација Велес – Скопје – Велес:
• воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 9.15 часот,
• воз бр. 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11.30 часот,
• воз бр. 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12.40 часот, и
• воз бр. 2082 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 13.44 часот.
Од понеделник до петок ќе сообраќа ад хок-патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 5.45 часот и пристигнување во Велес во 0ж6.30 часот (гарнитура за воз бр. 630 од Велес).
• релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
• воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред во 6.23 часот,
• воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11.30 часот.
• воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 6.45 часот.
• релација Скопје – Битола – Скопје:
• воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред во 6.57 часот,
• воз бр. 642 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10.50 часот.
Дополнително, на 8.4.2020 година (среда) ќе сообраќаат и возовите бр. 640 на релација Битола – Скопје и 661 на релација Кичево – Скопје. Другите возови планирани со возниот ред 2019/2020 година нема да сообраќаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

