Македонија
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
„ЕВН Македонија“ соопшти дека за утре се планирани неколку исклучувања во електросистемот и без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Бродец во Чучер Сандево, како и корисниците на дел од улицата Ѓурчин Кокале, улицата Македонска преродба, како и дел од улицата Борис Сарафов во општината Ѓорче Петров.
Исклучувања во електросистемот ќе има и во општина Центар во периодот од 8.30 до 11 часот кај корисниците на дел од улицата Партизански одреди бр. 39.
Корисниците од улицата Лазар Димитров, како и куќите на потегот помеѓу улицата и пругата во општина Кисела Вода, во периодот од 9 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, а во истиот период струја ќе немаат и корисниците од селата Јаболци, Нова Брезница, Патешка Река, Држилово, Црн Врв, Малчиште, Елово, Осинчани, со сите стопански и нестопански објекти во тој потег, каменоломите на „Рудопроект“, „Беровиќ“, цементарницата „Титан“, хидроцентралата „Патешка Река“, селата Долно Соње, Горно Соње, Говрлево, Ракотинци, Маркова Сушица, Чифлик, како и Света Петка со сите стопански и нестопански објекти во тој потег во општина Сопиште и во Студеничани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

