Македонија
„Нема да ви помине“, „Криминалците во затвор, Македонија вечна“, пред почетокот на седницата за уставните измени стигнаа пораки од пратениците
Уште пред да влезат во собраниската сала, каде што треба да се гласа за отворање на Уставот, осамнаа пораки од опозициските пратеници дека процесот нема да помине. Новинарите се собираат во прес-центарот, а седницата треба да почне од 11 часот. Таму досега не се појавил ниту еден народен избраник, иако се очекуваат низа прес-конференции.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левицата ѝ порача на власта: „стоп за бугаризацијата, а двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека нема да има уставни измени.
„Прв обид за промена на Уставот откога Левицата е парламентарна партија. Нема да ви помине, стоп за бугаризацијата, софиската платформа“, напиша Апасиев.
Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, порача дека криминалците ќе одат во затвор.
„Криминалците во затвор, Македонија вечна“, напиша Јаулески споделувајќи фотографија со текст „Македонија не е на продажба, ‘не’ за уставни измени, ‘не’ за криминалот, долу Влада“, порача тој.
Се огласи и Бојан Стојаноски со истиот став – дека ќе гласа против уставните измени.
„Денеска, ќе гласам против измени на Уставот. Јас немам мандат да гласам против волјата на народот. Да живее горда и достоинствена Република Македонија!“, напиша Стојаноски.
Пред Собранието, потпретседателот на Собранието, Горан Мисоски, не кажа дали е оптимист за денешното гласање, но посочи: „Важно е државата да оди по европски пат“.
Во прес-салата има десетици медиуми. Сите го чекаат почетокот на седницата, на која треба да се изгласа дневниот ред со една точка и да се отвори дискусија, а во рок од десет дена и да се гласа за уставните измени. За ова се потребно 2/3 мнозинство за кое од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека власта го нема.

На седницата треба да присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

