Македонија
Нема да има нови барања од Бугарија, ниту од која било друга земја: порака на француската министерка
Вицепремиерот Маричиќ на прес-конференцијата со министрите за ЕУ на Сојузна Република Германија и Република Полска и државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, изјави дека за Северна Македонија, како земја која ги исполни условите за почеток на преговорите и го започна процесот, ова е добар момент да потврди со својот пример дека може да биде успешна приказна и за ЕУ и за целиот регион.
Бун, Лирман и Шинковски вел Сенк во своите изјави, како што е наведено во официјалното соопштение, кажаа дека со официјалната посета на Скопје сакат да ја дадат сета неопходна поддршка, за Северна Македонија успешно да го постигне процесот на интеграција, со јасна порака „сите граѓани и политички актери да ја поддржат Владата да го презеде овој пресуден чекор кон ЕУ и да ги направи успешни уставните амандмани“.
Германската министерка за ЕУ и клима, Ана Лирман укажа дека „сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобра иднина, на иднината во ЕУ“. Таа потенцираше дека успехот на европските земји кои се приклучија во ЕУ пред 20 години, како Полска, е импресивен, велејќи дека сакаат таквиот успех да биде и нашиот успех и дека навистина вреди.
Лирман беше прецизна кога зборуваше за Договорот меѓу Северна Македонија и ЕУ, дека истиот е фер и исправен и дека нема да има подобра спогодба тоа е сигурно, како и дека сега иднината на Северна Македонија лежи во нашите раце.
„Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме“, додаде Лирман.
Лоранс Бун, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, рече дека нема да има нови барања од Бугарија, ниту од која било друга земја и дека автоматски Северна Македонија продолжува на патеката на пристапување.
Таа зборуваше и за рокот, датумот кога да се очекува да се случи проширувањето, кажувајќи јасно дека Франција сака да биде што поскоро.
„Францускиот претседател во Братислава рече дека прашањето за проширување не е ако, ниту кога, тоа е веднаш што поскоро, туку прашањето е како. 2030 година како цел е доста реална и овде сме да ја испратиме пораката на пријателство пред сè, пораката на поддршка и пораката на увереност дека веруваме дека Северна Македонија ќе успее. Трите земји, вклучувајќи ја и Франција сметаат колку е важно за вас толку и за европското семејство и ќе дадеме се од себе да ви помогнеме на патот кон ЕУ“, порача Бун.
-Маричиќ изрази благодарност за политичката поддршка на евроинтегративниот пат и рече дека Северна Македонија заедно со Франција, Полска и Германија и останатите европски партнери има направено важни поместувања во евроинтеграцискиот процес и во градењето и развојот на државата, како дел од современиот демократски европски свет.
Според работната програма на министрите од „Вајмарската тројка“, утре ќе остварат средба со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери и ќе се сретнат со координаторите на пратеничките групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

