Македонија
Нема кривична до обвинител дека иселеници примале плата од „Комунална“, како што тврдеа Арсовска и Мазнева
Нема кривична пријава дека во „Комунална хигиена“ им се исплаќале пари на лица што биде трајно преселени во Германија. Скопското Обвинителство посочува дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од таму ја повикуваат Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави.
„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Доставени се неколку пријави поврзани со случувањата во наведеното јавно претпријатие и наводите веќе се проверуваат. Јавното обвинителство ги поттикнува институциите надлежни за откривање кривични дела да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што притоа ќе ги откријат. Исто така, и самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето, должни се тоа да го пријават до надлежните органи“, одговорија од Обвинителството на прашањето дали има пријава за лицата што се иселени, а примале плата од претпријатието.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, бранејќи ја директорката Косана Мазнева, рече дека некои од комуналците, кои останале без работа откако Косана Мазнева е директорка на ЈП „Комунална хигиена“, со години се иселени од Македонија, но сè уште секој месец добивале плати од претпријатието.
Вакви тврдења изнесе и директорката Мазнева, која тврдеше дека се поднесени соодветни пријави во надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.