Македонија
Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации

Нема настрадани лица во старскиот дом во Кавадарци, укажуваат првичните информации.
Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата.
Од сместените во домот, пет лица се неподвижни.
Градоначалникот на општина Кавадарци ќе оствари комуникација со итната медицинска помош во Неготино за да испратат едно возило на испомош.
Се планира лицата да бидат транспортирани во Општата болница во Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од општина Сарај

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Сарај.
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Сарај – пат за Лубин, кај Џамијата во општина Сарај ќе бидат без струја.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач ф 50 мм на улицата Радика број 1, без вода ќе останат корисниците од улицата Радика во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не

Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, реагираше на изјавите на министерот за јавна администрација од партијата ЗНАМ, Горан Минчев, во врска со вработувањата на Албанците во државните институции.
Во јавна објава, Изет Меџити го обвини Минчев дека користи реторика слична на онаа на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и потенцираше дека правичната застапеност на Албанците е уставна категорија која не може да се доведе во прашање.
„Минчев да не се однесува како копија на Апасиев, затоа што воопшто не личат еден на друг. Горан Минчев треба да ја напушти реториката на Димитар Апасиев и да се однесува како министер на сите граѓани во нашата заедничка држава“, напиша тој.
Изет Меџити исто така ја потенцираше одлуката на Владата за трансформација на работниот однос од договор на дело во трајно вработување за околу 1500 лица во здравството, од кои 750 се Албанци, додавајќи дека за оваа одлука се горди.
На крајот од својата реакција, Изет Меџити упати јасна порака до Минчев и до сите што го оспоруваат правичниот принцип на застапеност на Албанците во институциите:
„Правичната застапеност на Албанците во државните институции е уставна категорија, непроменлива и неповратна, која се почитува и ќе се почитува, му се допаѓало тоа на Минчев или не!“