Македонија
Нема опасност за жителите по излевањето на Маркова Река
Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова Река, а водостојот е вратен во коритото, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму додаваат дека еден тим за брз одговор интервенирал со пумпи за извлекување вода и тие ќе интревенираат по потреба во текот на денот.
„По првичната информација за излевањето на Маркова Река во општина Студеничани, село Батинци, екипата за процена на ризици на Дирекцијата за заштита и спасување одблиску на терен ја следеше состојбата. Директорот Џеват Селами беше во постојана комуникација со екипите на терен, градоначалникот на општина Студеничани, г. Азем Садики, директорот на АД ‘Водостопанство’, г. Филип Филиповски, сè со цел да се обезбеди координиран и ефективен одговор. Еден тим за брз одговор интервенира со пумпи за извлекување вода и тие ќе интревенираат по потреба во текот на денот“, се наведуваа во соопштението.

Од таму додаваат дека според досегашните информации ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите и дека е евидентирана материјална штета, што допрва ќе се проценува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

