Македонија
Не е зголемен процентот на пациенти хоспитализирани поради коронавирусот во земјата

Процентот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во земјата не е зголемен и во моментов не се очекува изненадување во смисла на поголем нааплив на пациенти кои би биле хоспитализирани. Ова го изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој соопшти дека на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести се анализирале податоците од претходните две недели.
„Трендовите сѐ уште се во насока на тоа да биде приближно ист бројот од вкупно дијагностицираните од вкупниот број направени тестови, ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број новодијагностицирани. Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ ‘8 Септември’ повеќе денови по ред има под 100 пациенти што се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клиничките болници во државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти што би биле за прием во болница. Продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање во согласност со индикацијата, интензивно следење на контактите и ставање во изолација“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Во недела, 30 март, со почеток од 10 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, а Филипче да каже како поставил лице уживател на дрога на партиска функција

Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер. Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски, прашува Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Има, вели тој, јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место.
Дополнително праша, зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал.
„Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски.
Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС?
Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор?
Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата“, кажа Петрушевски.
Македонија
Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот „Ораница“, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето по должината на течението на реката, но и за флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
„Извештајот покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината олово во водата. Дополнително, за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот во Крива Река“, рече градоначалникот.
Нагласи и дека како резултат на ова загадување загрозена е и почвата по текот на овие две реки, и на реката Пчиња, но и на земјоделските насади што се наводнуваат од овие подрачја. Во ризик е ставено и здравјето на луѓето што ќе ги јадат овие зејоделски и сточарски производи, предупреди градоначалникот.
За ова загадување Општината ќе бара и кривична одговорснот. Гo повикуваат јавниот обвинител итно да преземе мерки за сторителот на ова загадување по повеќе точки од Кривичниот законик.