Македонија
„Нептун“ слави 30 години со голема роденденска наградна игра
Со вкупен награден фонд од 4,306,975.00 денари „Нептун“ отпочна наградна игра со која што заедно со своите верни купувачи и клиенти ќе го прослави големиот роденден – 30 години постоење. Главна награда е стан во комплексот East Gate Living, а дополнително, компанијата ќе доделува и 87 неделни, како и седум месечни награди. Роденденската награда ќе трае до 24 декември 2023 година.
Како и секогаш, „Нептун“ и овој пат се придржува до своето популарно мото, односно дека потрошувачите секогаш добиваат повеќе кога купуваат во продажната мрежа на компанијата. Во наградната игра може да учествува секој што купил производи во кој било од продажните објекти на „Нептун“ во Македонија. Нема ограничувањата во однос на износот, што значи секоја набавка може потенцијално да донесе награда.
Учесниците треба да испратат СМС на бројот 144 030 со уникатен број на документ. Притоа, под поимот документ се подразбираат: фискална сметка, фактура КП рати, фактура кредитна апликација НЛБ, фактура кредитна апликација КБ, фактура кредитна апликација ИУТЕ, фактура продавница WEB, испратница-продавница. Цената на СМС-пораката е 49 денари со вклучен ДДВ.
Шансите за добивка се зголемуваат доколку учесниците во наградната игра испраќаат повеќе СМС-пораки. Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратената порака од секој учесник. Сите детали за наградната игра се достапни на овој линк.
„Нептун“ е компанија што три децении е лидер на пазарот за продажба на бела техника; апарати за домаќинство; телевизиски, аудио и видео апарати; компјутери; смартфони; фото апарати и камери; лична нега и убавина; ладење и греење.
– Уште од самите почетоци нашата цел е да го следиме исклучително брзото темпо на развој на секторот во којшто работиме на глобално ниво и сето тоа да овозможиме да биде достапно за нашите верни купувачи во Македонија. Нашите врвни услуги се достапни во 26 продажни места во 21 град во земјава, а за сите потреби и барања на потрошувачите се грижат повеќе од 400 вработени кои што се обучени според највисоките светски стандарди. Наградната игра е само уште еден од начините преку кои што на купувачите им овозможуваме да добијат повеќе за било која набавка во нашата продажна мрежа – изјави Тасевска Александра, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

