Македонија
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за појава на краткотрајно невреме и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 31 степен.
Од среда следува период во кој ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со постепен пораст на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба;
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.
Македонија
Претежно сончево и многу топло со температура до 43 степени

Времето денеска, претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.
И во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.
Македонија
Зголемени плати на наставниците, испечатени учебници, предметите историја и географија вратени во образовниот систем, се пофали Јаневска

Во рамки на вечерашната трибина насловена „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ свое обраќање имаше претседателката на Комисијата за образование и наука и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека во изминатите години се правеле експерименти во образованието, како што кажа, од немање учебници до концепти каде што ја нема историјата, како и незадоволни наставници, професори, деца и родители. Таа додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.
„Не само што немаше учебници, ние снемавме и деца, тоа е резултатот на седумгодишното владеење на претходната власт. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со Министерството за образование, ги поставија темелите за изградба на еден силен, модерен, национален систем, ефикасен, конкурентен со другите држави, кој би бил на задоволство на сите чинители, сите фактори кои се вклучени во тој систем, а со една единствена цел, стекнување на поголемо знаење, ефикасност и максимална инклузивност“, нагласи министерката Јаневска.
Јаневска информираше дека во образовниот систем вратени се националните предмети историја и географија, иако минатата власт се обидувала да ги избрише, односно да ги интегрира во некаков замислен систем.
„Со оваа цел тргнавме речиси од ништо, со огромни долгови. Затекнавме 5 милијарди долг, немаше учебници, се помалку ученици. Она што прво го направиме, а тоа е делувавме политички, ја вративме историјата и географијата како национален предмет во образовниот систем кои се обидоја со гумичка да ги избришат, всушност да ги интегрираат во некаков замислен систем. Испечативме учебници и за прв пат годинава ќе имаме после 7 години учебници за странски јазици, и учебници по секој предмет што нашите деца, наставници и родители секако ги заслужуваат“, децидна е Јаневска.
Јаневска истакна дека бил направен голем и крупен чекор со којшто ја вратиле довербата во институцијата Министерство за образование и наука и во Владата, бидејќи претходната власт оставила хаос и разурнати институции.
„Дадовме порака на главната алка во тој систем, а тоа се наставниците со подигање на платата во период од шест месеци за повеќе од 12%, но поважното е што ние веднаш по доаѓањето на власт потпишавме четиригодишен договор за постојано покачување на платата на наставниците. Следните четири години секоја година ќе има покачување на платата на наставниците. И секако некаде повеќе од 14% на наставниците во високото образование“, заклучи Јаневска.