Македонија
Нефи Усеини на уште недобиен мандат поднесе оставка, петок треба да му се верифицира па потоа да бара да го врати
Советникот на ДУИ, Нефи Усеини, нема мандат, а даде оставка од советничката функција во Општина Охрид. На седницата каде што се верифицираа мандатите на новите советници, тој беше единствениот кој не присуствуваше.
Следната седница е закажана за петок, каде ако се појави, ќе му се верифицира мандатот. За престанок, ќе треба да почека наредна седница која би се одржала најкратко за една недела. Претседателот на Советот, Сашо Донев, вели дека ќе се постапи според законските прописи.
„Мора верификација на мандатот каде ќе биде избран советник на изборите. Потоа, тој треба да поднесе оставка која ќе биде верификувана наредната седница И треба да биде известена ОИК“, рече Донев.
ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и доби претседател во општинскиот совет на Охрид, а СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција. Со нив и советникот Нефи Усеини и „Охрид има план Б“. Дел од новото мнозинство во Советот на Охрид се ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ,,Обнова на Македонија”, „Левица“ и „Охрид пред сè која ја сочинуваат поранешни членови на СДСМ. На конститутивната седница, со 14 гласови „за“ беше изгласано Сашо Донев да биде претседател на Советот.
Нефи Усеини, по вторпат доби мандат во Советот. Првиот, го врати на неколку месеци пред локалните избори. Тогаш, продолжи да добива тендери и да работи со општинските претпријатија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

