Македонија
„Не биди рибокрадец! Не барај охридска пастрмка и белвица“
Иако Охридското Езеро нема концесионер повеќе години, а ловот е строго забранет, охридската пастрмка се нуди во сите ресторани околу езерото, под тезга, во рибарниците, а постојат и таканерачени „агенти“ кои вршат достава на пастрмка до дома.
За таа цел, во центарот на Охрид деновиве беа поставени картонски риби на кои се исишани пораки во насока на заштита на Охридската пастрмка чијшто лов е строго забранет, но рибокрадството доведува до десеткување на популацијата на оваа риба.
Акцијата беше спроведена на 5 места во Охрид и активистите се надеваат дека на овој начин ќе ги испровоцираат надлежните поефикасно и поревносно да се зафатат со решавање на овој проблем.
Акцијата се состои од стари рибарски мрежи на кои се поставени силуети на фотографии од пастрмки со следната содржина:
„Купувањето охридска пастрмка е соучесништво во нејзиното истребување.“
„Охридската пастрмка е загрозен вид и ловот е строго забранет.“
„Не постои легално уловена охридска пастрмка во Македонија бидејќи е трајна забрана за лов на пастрмка и белвица.“
„Купувајќи и консумирајќи охридска пастрмка и белвица директно го поддржувте рибокрадството и нивното уништување.“
„Езеро без концесија – село без кучиња .“
„Не биди рибокрадец! Не барај охридска пастрмка и белвица“
Криволовот, односно рибокрадството со години има енормни размери, што доведува до десеткување на популацијата на пастрмката. Се почесто се ловат, односно криволоват риби неколкукратно помали од законските мерки за минимална големина на пастмка, односно единки кои воопшто не успеваат да достигнат репродуктивна зрелост, туку илегално завршуваат на трпеза.
Најдобар пример за состојбите со популацијата на пастрмката може да се види од една акција на Државниот Инспекторат за Земјоделие, при која се одземени мрежи со улов од околу 140 пастрмки, кои заедно тежеле само 33 килограми, односно во просек по околу 400 грама, што е далеку под минималната мерка и далеку од репродуктивната зрелост на рибите.
Поради немање концесија, но и поради низа бирократски бариери веќе неколку години не се врши вештачки мрест и порибување од македонската страна на езерото, додека бројките со кои се порибува албанската страна на езерото се минимални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.