Македонија
Не дојде обвинителот Незири – повторно одложено судењето за „Маѓар телеком“
Поради службено отсуство на надлежниот обвинител oд скопското Јавно обвинителство, Ермон Незири, судењето за предметот „Маѓар телеком“ повторно е одложено за 27 ноември, потврдија за „Макфакс“ од кривичниот суд во Скопје. Денеска во 11 часот беше закажано рочиште за предметот во фаза на доказна постапка.
Обвинетите ексдиректори во „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се обвинети за злоупотреба на службената положба и седум години се недостапни за органите на прогонот. Информацијата за „Макфакс“ ја потврди и адвокатот Ненад Јанакикевиќ.
За овој предмет првин постапувал судијата Седат Реџепагиќ, првото рочиште било закажано на 26. 10. 2011 година. Со текот на годините се менувале судиите. Судењата биле закажувани со 2-3 рочишта во текот на годината со оглед на тоа што судот барал, со замолница преку Министерството за правда по дипломатски пат на обвинетите да им се достават обвинителен акт и покана за расправа, преведени на нивниот јазик, во матичната земја на адресите што се дел од списите на предметот.
Предметот го наследи судијката Ленка Давиткова. Во 2016 година таа закажала 9 рочишта, од кои 5 биле одржани, а 4 биле одложени по барање на одбраната, отсуство на бранител или барање за увид во предметот. Во 2017 година биле закажани 7 рочишта, од кои 5 биле одржани, а две се одложиле по барање на странките, вклучувајќи го и последното од 20 април.
Предметот е во фаза на доказна постапка, односно сослушување сведоци, при што досега сослушани се сведоци предложени од Обвинителството и еден сведок предложен од одбраната.
Во Македонија во моментот се водат две постапки за „Маѓар телеком“, кои, иако се почнати поодамна, намерно или не, никако да мрднат од мртва точка. Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, кои беа обвинети за водење тајни договори со македонски премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, се спогодија и платија парични казни од 250.000, односно 150.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

