Македонија
Не е донесена одлука за забрана на погреби за празници, велат од МПЦ
Македонската православна црква официјално известува дека нема одлука за забрана за погреби за време на празнувањето на Св. Никола, Божиќ, Бадник, Велигден и Задушница.
Поради меѓусебна некоординираност некој погрешно пренел дека таква одлука има, па погребите место во недела и понеделник, беа одложени за во вторник.
„По барање на свештенството од Скопската епархија да не се извршуваат погребенија на празникот на светиот Николај Чудотворец, во саботите на Духовденската и Митровденската задушница, како и на Велигден беа остварени средби со раководството на АД ‘Бутел’, на коишто се разговараше за таа можност. Но, конечно, таква одлука не беше донесена. Поради одредена меѓусебна некоординираност, од некого било погрешно пренесено дека таква одлука има и дека веќе на 19.12. 2022 година не треба да се извршуваат погребенија, а како последица на тоа дојде до несаканите случувања. Затоа, уште еднаш, истакнувајќи дека за тоа беше само разговарано, а не и одлучено, известуваме дека погребенијата ќе продолжат да се извршуваат секојдневно, како, впрочем , и досега“, соопшти МПЦ.
Во неделата и во понеделникот на Градските гробишта во Скопје немаше погреби оти на верниците им беше пренесена забраната од владиката. Починатите верници од саботата, неделата и понеделникот на Градските гробишта во Бутел беа погребани вчера. Забраната предизвика лавина реакции кај верниците кои јасно укажуваат дека се против такво ограничување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

