Македонија
Не издржаа ниту една ноќ – украдени дрвцата кај Поликлиниката „Чаир“

Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“, кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден. Со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови. Во оваа есенска акција за засадување дрвја на местото на украдените садници пред Поликлиниката „Чаир“ ќе бидат засадени нови садници.
Град Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улиците на потегот од Владата до градскиот Стадион

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 90, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците на потегот од Влада на РСМ до градскиот Стадион.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија, општина Чучер Сандево;
· од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улицата Студеничанска, општина Кисела Вода;
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата Малешевска, општина Кисела Вода.
Македонија
Променливо облачно со умерен ветер, максималната температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Вренето во наредните денови
Од петок следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен.