Македонија
Не се мешаме во внатрешните работи на Северна Македонија, реагира руската амбасада по изјавите на Пендаровски
Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост се вели во рекацијата на руската амбасада во земјава поврзана со последните изјави на претседателот Стево Пендаровски во двете последни интервјуа.
– Обрнавме внимание на изјавите на претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски, во интервју за ТВ-каналот „ТВ 21“ на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со деjствата на Русија во РСМ и во балканскиот регион во целина. Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја – Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, – и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи се вели во реакцијата на Амбасада на Русија.
Пендаровски во интервјуто изјави дека Русија продолжува да ги произведува најсериозните хибридни закани во балканскиот регион, вклучително и политичка пропаганда и кампањи за дезинформација.
„Во Северна Македонија, нивната комплексност и интензитет се исти како оние во 2018 година, за време на референдумот по Договорот од Преспа. Немам целосни сознанија за другите земји, но неколкуте кревки точки во регионот и се добро познати на Москва и таа секако се обидува да пенетрира“, рече Пендаровски во интервјуто за „Етнос“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

