Македонија
Низа недостатоци наоѓа Апелација, со кои ја укина пресудата за „27 април“: Пресудата е нејасна
„Неутврдена е фактичката состојба“, „има недостатоци поради кои не може да се испита законитоста“, „пресудата е нејасна“, „неутврдени дејствија на обвинетите“, „недоволно расправање за амнестијата“. Ова се неколку образложенија кои ги користи Апелациониот суд за да му укаже на Кривичниот суд зошто ја укина пресудата за „Организатори на 27 април“. Судиите од Апелација, Татјана Дуковска, како претседател на советот, заедно со Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи бараат Кривичен суд, односно нивниот колега Илија Трпков, да ги исправи овие недостатоци и да ја утврди точната состојба при повтореното судење.
Прифатени жалбите на обвинетите
Екссобранискиот претседател, Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски кои се обвинети во овој случај, се жалеа на првостепената пресуда. Второстепените судии – ги прифатија жалбите. Во првите редови од образложението се наведува дека при судењето на предметот се сторени суштествени повреди.
„Судот оцени дека истите се основани со оглед дека обжалената пресуда содржи такви недостатоци поради кои не може во целост да се испита во однос на нејзината правилност и законитост, изреката на пресудата, пред се во поглед на фактите што го чинат обележјето на кривичното дело и го определуваат неговото дејствие на извршување е недоволно јасна и разбирлива и не содржи доволно образложени и непротивречни причини за решителните факти од кои се раководел судот при одлучувањето, а воедно пропуштил врз основа на предложените и изведени докази правилно да ги утврди решителните факти кои се од битно влијание за одлучување во конкретниот кривично-правен настан, како и на оние од кои зависи примената на определена одредба од Кривичниот законик, поради што обжалената пресуда не може во целост и со сигурност да се испита во однос на нејзината правилност и законитост“, стои во пресудата на Апелација за „Организатори на 27 април“.
Апелација: Пресудата е нејасна
Судечката петорка, при читање на пресудата од Кривичен, утврдиле дека пресудата е нејасна. Според второстепените судии, се според сите списи во предметот – се доведува во прашање дали обвинетите се виновни.
„По оцена на советот на овој суд, обжалената пресуда е нејасна, не постои кохерентност помеѓу изреката и образложението на првостепената пресуда по однос на причините за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето во конкретниот кривичен предмет, со особен акцент на фактите што го чинат законското обележје на ова кривично дело, поради што обжалената пресуда не може со сигурност да се испита во однос на нејзината правилност и законитост. Во оваа смисла, имајќи ги предвид списите во предметот, изведените докази, обжалената пресуда и жалбените наводи истакнати во жалбите на обвинетите, заклучокот на првостепениот суд, пред се, по однос на постоењето на фактите што го чинат законското обележје на кривичното дело за кое истите се огласени виновни, се доведува под сомневање, бидејќи судот врз основа на расположивиот доказен материјал во недоволна мера ги расправал сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти што го чинат обележјето на кривичното дело и го определуваат неговото дејствие на извршување“, се додава во пресудата од Апелација.
Апелација не разбира кои се активностите на обвинетите за сторување на „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“
Судиите Дуковска, Зимбовска, Димитриевски, Милева, Ајрулахи посочуваат дека колегата од Кривичен, Илија Трпков, не утврдил со сигурност во што се состојат дејствијата на обвинетите за да го сторат кривичното дело за кое се гонеа.
„Ако се има предвид дека дејствието на извршување на предметното кривично дело се состои во преземање на општо опасно дејствие или акт на насилство, кои дејствија треба да се такви што да создаваат чувство на лична несигурност или страв кај пасивните субјекти, а при тоа, правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие на делото, како субјективен елемент на противправноста влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ“, посочува Апелација.
Најголем акцент во пресудата е ставен на селективната амнестија и дали таа важи за обвинетите
Во недоволна мера се расправало за прашањето дали амнестијата дадена од Собранието, важи и за обвинетите Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски. Ова го констатирата судечката петорка. Ова, влијаело во законитото и правилното донесување на пресудата.
„Ова, од причини што при постапувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги заменарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија кој во членот 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените кривични постапки и ослободување од издржување на казната затвор. Во наведената смисла, советот на овој суд смета за потребно да истакне дека правото на образложена судска одлука кое произлегува од суштината на членот 6 став 1 од ЕКЧП редовно треба да се толкува како обврска за првостепениот суд донесената одлука да содржи причини кои се доволни до степен да може да се сметаат како одговор на најбитните елементи на аргументите на странките, независно дали станува збор за фактички, правни или процесни аргументи, а отсуството на причини за одбивање на предлозите на странките во образложението на одлуката, inter alia, укажува и на повреда на правото на акузаторност на постапката“, стои во пресудата.
Според судиите, Кривичен суд бил должен да ги анализира одредбите од Законот за амнестија. Тоа не го направил.
„Имено, првостепениот суд воопшто не се впуштил во анализа на одредбите на Законот за амнестија, нешто што бил должен да го направи, особено на нормата со која се уредува опфатот на лица кои се изземени од предвидената амнестија и во таа смисла не го расчистил прашањето дали со цитираниот Закон за амнестија мора да се опфатат лицата, кои ipso juri i ipso facto немале никаква службени овластувања, ако се има предвид дека обвинетиот Т.В. (Трајко Вељановски) бил пратеник и претседавач со седницата во С. и неутврдениот факт, кои службени овластувања ги имал истиот во тоа својство, дека обвинетиот М. Ј. (Миле Јанакиески) во критичниот временски период наведен во изреката на пресудата немал никакви службени овластувања, ниту бил пратеник, ниту имал избрана функција, а обвинетиот С. Р. (Спиро Ристовски) извршувал функција заменик министер на Министерство за образование и наука, од една страна и исклучокот во ставот 3 од членот 1 на законот од друга страна, кој се однесува на лицата што постапиле спротивно на службените овластувања при вршењето на кривичното дело, а во врска со загрозување на безбедноста, како облик на сторување на кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик“, се додава во пресудата.
На Апелација не му е јасно зошто Кривичен не расправал ниту дали амнестијата треба да се однесува и применува на лица кои во моментот на донесување на Законот за амнестија не се водела кривична постапка.
„…Судот… ниту утврдувал дали обвинетите во конкретниот случај, знаеле и дали можеле да поднесат барање за Амнестија, како што тоа е наведено во Законот за амнестија, каде е ограничен периодот на поднесување на барање, со оглед дека согласно расположивите докази и списите на предметот, произлегува дека обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против обвинетите е поднесен на 31.05.2019 година, а наредбата за спроведување истражна постапка, спрема обвинетите е донесена на 20.02.2019 година, што значи по донесување на Законот за амнестија“, се додава во пресудата.
„Не се одговорени суштинските забелешки на одбраната за непримена на Законот за амнестија“, констатира Апелација
„Поради ваквото постапување на судот, останале без одговор суштинските забелешки на одбраната која приговорила на непримена на Законот за амнестија, а воедно одбраната останала без одговор на клучното прашање дали против обвинетите како организатори на настаните од 27 април според обвинението, можела да се води кривична постапка за делото Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од КЗ, или пак, поведената постапка требало да се запре и случајот да се смета за res judicata, или согласно фазата во која се наоѓала постапката, да се донесе одбивателна пресуда, врз основа на одредбата од чл.402 ст.6 од ЗКП, на што се укажува во жалбите на обвинетите и се нагласува дека амнестијата, односно дадената аболиција се однесува и на лица против кои во време на донесување на законот (18 декември 2018 година) не била поведена кривична постапка, како обвинетите во овој кривичен предмет, на кои согласно чл.4 од Законот за амнестија треба да се применат истите одредби од ЗКП, како во ставот 2 од членот 1 од Законот за амнестија“, консатира Апелација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.
Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.
„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.
„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

