Македонија
Никоб лаб: Промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0 до 18 години успешно ја завршуваме утре
Лабораторијата „Никоб лаб“ во февруари ја започна промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0 до 18 години по индикација, со цел да им помогне на семејствата кои беа во тешка економска и здравствена состојба предизвикана од сериозната епидемиолошка состојба во државата, предизвикана од Ковид-19 вирусот.
Промоцијата почна на 18.2.2022 година и завршува утре 25.03.2022 година.
Во овој временски период направени се вкупно 318 тестови, а од нив детектирани се 106 позитивни лица.
„Докажавме дека сме општествено одговорна установа и со оваа бројка на тестови и скринингот кој го добивме, значително помогнавме на здравствениот систем и на семејниот буџет, а тоа ни дава за право и во иднина да промовираме услуги кои ќе бидат од голема помош на сите граѓани“, велат од „Никоб лаб“.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Ова беа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога
Во Република Македонија се одржаа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој оцени дека не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден.
Се заблагодари на македонските полицајци, граѓаните кои, како што рече, покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство, набљудувачите и новинарите.
„Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија“, рече Тошковски.
Дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев, истакна дека изборите поминале во фер демократска и слободна атмосфера.
„Полицијата беше на својата задача и ги создаде сите предуслови за демократски чин. Честитки на директорот на Бирото за јавна безбедност. Честитки и до граѓаните кои не подлегнаа на притисоци, и на медиумите за транспаретноста“, изјави Бојмацалиев.
Македонија
Даштевски: Сега можеме да кажеме дека цензусот е исполнет, за претседател гласале 767.715 гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва извести дека одѕивот на претседателските избори е 46,31 отсто, а на парламентарните 53,30 отсто. До 18.30 пристигнати се податоци за одѕивот на претседателските избори од 3186 избирачки места. Од вкупно запишани 1.657.939 гласачи на овие избирачки места гласале 767.715 гласачи односно 46,31 отсто.
„Сега можеме да се кажеме дека е исполнет цензусот“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Најголем одѕив до 19 часот за претседателските избори има во Новаци со 72,76 отсто, а најмал одѕив во Липково со 7,35 отсто.
Споредено со првиот круг од претседателските избори во 2024 година има намалување од 3 отсто.
До 19 часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите за парламентарните избори од 3186 места. Од вкупно запишани 1.665.591 гласач на овие избирачки места гласале 887.767 гласачи односно 53,30 отсто. Најголем одѕив на парламентарните избори има во Новаци со 74,85 отсто, а најмал во Центар Жупа со 18, 62 отсто.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на одѕивот од 7,43 отсто на овие избори.
Првични резултати од гласањето Даштевски најави дека ќе соопшти во 23,30 вечерва.
Македонија
„Македонија добива нов претседател и нова влада“, најави Муцунски
„Цензусот е постигнат. Македонија добива нов претседател и нова влада, предводена од Христијан Мицкоски“, напиша на социјалните мрежи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Тој упати благодарност до граѓаните за поддршката, како и за нивниот придонес за мирни, фер и демократски избори.