Македонија
Николовски: Законот за потекло на имот при крај, нема повеќе личен капитал на сметка на државата
Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, присуствуваше на работилницата на експертската работна група, којашто го подготвува предлог-законот за потекло на имот, формирана од кабинетот на вицепремиерот Николовски и Советот на Европа. Подготовката на драфт-везријата на предлог-законот е во финална фаза. Предлог законското решение предвидува одредби кои овозможуваат проверка на потеклото на имот доколку постои сомнеж за начинот на кој е стекнат. Со ова законско решение за првпат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните.
„Институциите ќе бидат алармирани во случај да се појави разлика поголема од предвидениот праг меѓу оданочениот приход и имотот, при што потеклото на имотот ќе биде испитано по службена должност. А освен тоа, институциите ќе можат да постапуваат и по поднесени пријави и претставки за сомнеж за нелегално стекнат имот. Сè што ќе се утврди дека е нелегално стекнато ќе биде конфискувано и, како што предвидуваат законите, компензирано на државата за направената штета“, посочи Николовски.
Според него, на одредбите од новиот предлог-закон за потекло на имот подлежат не само носителите на јавни функции, туку сите граѓани. Конкретно, секој ќе треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни одданочени приходи. Ако лицето не го докаже потеклото на имотот, истиот со одлука на судот ќе се конфискува.
Со овој нов закон, што за првпат се носи во нашата држава, како што најавија надлежните, се надминуваат досегашните системски пречки за проверка на имотот и на лицата кои повеќе не се фунцкионери. Одредбите од новиот закон предвидуваат уште една крупна антикорупциска мерка, а тоа е увид во имотната состојба на поранешните функционери. За разлика од сегашната обврска, избраните и именуваните лица да поднесуваат анкетен лист за имотната состојба додека трае нивниот мандат, ваквата обврска сега добива поширок опфат во смисла на времетраењето на увидот во имотната состојба. Една од новините во драфт-законската верзија е што испитување ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица.
Предлог-текстот е креиран од работна група која ја сочинуваат претставници на Советот на Европа, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, претставници на сите институции вклучени во борбата против корупцијата и правни експерти. Од предлог-законското решение произлегуваат одговорности и ингеренции за Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Законот има за цел да ги ефектуира владините заложби за сузбивање на корупцијата и да го заштити јавниот буџет од какви било корозивни влијанија, какво што е и незаконското богатење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

