Македонија
Николовски: За 2,5 години тежок мандат успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните
Граѓаните имаат лесен избор на овие избори, да гласаат за повеќе пари кај граѓаните, мерки за поддршка на младите, поголеми плати, повисоки пензии, а од друга страна нема втор концепт кој кажува каде ќе ја носи државата, истакна носителот на кандидатската листа на коалцијата „Можеме“ во изборната единица 3, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата „Утрински брифинг“.
„Истокот најбрзо се развива, во следниот мандат ќе продолжиме со мерките и политиките за поддршка на земјоделството, ќе обезбедиме 100% покриеност на зелена нафта за земјоделците, а тоа го можеме бидејќи водиме политики за враќање на парите кај граѓаните, не градиме скулптури, не се изнесуваат парите во Белизе“, нагласи Николовоски.
Тој додаде дека пари во државата има, но зависи како се трошат, ако се однесувате домаќински има доволно пари за раст на плати, зголемување на пензии, враќање на дел од ДДВ назад кај граѓаните.
„Истокот тоа го знае, некој добил државна пензија, некој социјална помош зголемена за три пати, стечајците добиваат помош од 8.000 денари“, истакна Николовски,
За 2,5 години тежок мандат освен крупните политики, успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните, порача Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

