Македонија
Николовски официјално ја предаде функцијата на новиот министер Димковски
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска официјално ја предаде функцијата на новиот министер Трајан Димковски. На прес-конференција Николовски посочи дека новиот министер Димковски ќе ги продолжи започнатите процеси во секторот и отворената комуникација со сите чинители во земјоделството. Посочи дека дека што се вети 2016 година, веќе се заокружуваме, како што е редовна и целосна исплата на субвенциите, „зелена нафта“, ослободување од персонален данок, инвестиции во капитални проекти за наводнување, нови закони и измени на постојните.
„Сите одлуки ги носевме заедно со земјоделците, ги следевме нивните потреби и создававме услови за развој на секторот. Го отворивме Министерството за соработка со сите релевантни чинители и ги поттикнавме професионалците. Работев посветено, вложувајќи се максимално, со сиот мој капацитет, иако можеби можеше многу повеќе и подобро. Ми беше голема чест и задоволство овие две години да ја извршувам функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и да придонесам во политиките и мерките за развој на овој сектор. Заедно со сега новиот министер Димковски и со целиот мој тим посветено и неуморно работевме за да донесеме трајни решенија за наследените проблеми, да создадеме услови за развој на едно модерно и современо земјоделство, за зголемено производство и за повисоки приходи за нашите земјоделци. Јас сум убеден дека Димковски успешно ќе ги продолжи започнатите мерки и процеси, затоа што е човек којшто директно заедно со мене учествуваше во креирањето на политики и затоа што доаѓа од земјоделскиот сектор“, изјави Николовски.
При тоа, Николовски го презентираше дел од мерките и политиките кои се преземаа во изминатите две години за развој на земјоделството и справување со затeкнатите проблеми. Две години по ред, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, пред почетокот на новата производствена сезона. Исплатени се наследените долгови за субвенции од 2013, 2014 и 2015 година, а парарлено редовно се исплаќаат тековните субвенции. По овој основ досега се исплатени близу 290 милиони евра.
За прв пат се воведе нова мерка за поекономично земјоделското производство, а тоа е зелената нафта. МЗШВ финансира 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Со оваа мерка се враќаат 200 милиони денари кај 55.000 земјоделци. Се воведе нов модел за повисока поддршка на тутунот, а фокусот меѓудругото како што појасни Николовски се стави на младите фармери и на правилната распределба на државното земјоделско земјиште.
Николовски потенцираше дека се започнати крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура. Минатата недела започна изградбата на модерниот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза. Само со овој систем се овозможува навремена достапност на вода за наводнување на над 2.000 хектари. Со сите започнати капитални инвестиции ќе се овозможи наводнување на вкупно 32.500 хектари нови земјоделски површини. Николовски посочи дека најголем доказ дека земјоделството започна да се движи во вистинска насока и дека политиките на МЗШВ и на Владата на РСМ даваат позитивни резултатите, е зголеменото учеството на земјоделството во вкупната економија во првиот квартал од годинава е 13,6 отсто.
Новиот министер Димковски, потенцираше дека во изминатите две години, се воспостави секојдневна отворена комуникација со земјоделците, со цел да носиме соодветни решенија од интерес на земјоделците, а секогаш кога беше потребно, кога земјоделците се соочува со проблеми во пласманот, ниски откупни цени, штети од временски непогоди, во комуникација со земјоделците навремено се носеа мерки со цел да се надомести загубата, но и мреки за стабилизирање на пазарот. Уште првата година од преземањето на мандатот, ја изменивме Програмата за директна поддршка во земјоделството и Програмата за рурален развој 2017 година, со што се обезбедија НОВИ 10 милиони евра за поддршка за земјоделците. Димковски, потенцираше дека изминатите две години се започнаа процеси за реформи во секторот, преку измена и носење на нови закони, во корист на земјоделството, како што е . комплетно новиот Закон за тутун и тутунски производи, изманите на Законот за државно земјоделско земјиште и измените на Законот за вино.
„Овие мерки и политики што ги презентиравме денеска со Николовски, се само дел од нашата тимска работа изминатите две години. Јас, како нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, одговорно и со задоволство ја преземам обврската успешно да ги продолжам сите започнати мерки и проекти, и она што е нјаважно овој период подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ. За крај би сакал јавно на Николовски да му изразам благодарност за укажаната доверба да го водам овој важен сектор“, изјави новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата
Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола, велат од Владата, по обвинувањата од опозицијата дека премиерот и министри го користеле авионот за приватни цели.
Од Владата велат дека ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба.
„Особено е симптоматично што опозицијата свесно ја игнорира хуманитарната и државничка димензија на користењето на авионот во ситуации од итен карактер. Јавноста добро знае дека истиот воздухоплов беше ставен во функција на спасување човечки животи, меѓу другото и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани. Загрижува фактот што истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш, во тоа време од патувањата со владиниот авион гледавме фотографии и изјави со кои се манипулираше јавноста“, велат од Владата.
Од таму додаваат дека денешните обиди за морализирање од страна на истите актери претставуваат класичен пример на политичка хипокризија.
„Кога беа на власт, ги уриваа стандардите на отчетност, ги злоупотребуваа службените ресурси до максимум, а никогаш не иницираа суштински реформи напротив, токму во нивниот период на владеење, јавноста беше сведок на безброј злоупотреби. Владата останува цврсто посветена на принципите на законитост, отчетност и транспарентност. Секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола, и ние немаме што да криеме. За разлика од политиката на сензационализам и конструирани афери, наш приоритет остануваат конкретните резултати, заштитата на јавниот интерес и унапредувањето на меѓународната позиција на државата“, пишува во реакцијата.
фото/Depositphotos
Македонија
Собраниска делегација на состаноци на ПС на НАТО во Брисел: разговарано за состојбата со безбедносните ризици во Европа
На традиционалните „Февруарски состаноци”, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО, во Брисел, Кралството Белгија, учествува Делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО.
Состаноците се предвидени за учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел за продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици и јакнење на солидарната сојузничка одбрана.
Од Собранието на Република Северна Македонија учествува Делегацијата во ПС на НАТО, во состав од пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата, членката Славјанка Петровска и заменик-членот Илир Хасани.
На состанокот со Северноатлантскиот совет, со кој заеднички претседаваа претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело и заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваа шефовите на националните парламентарни делегации.
Во обраќањата и дискусиите беше истакнато дека НАТО, соочен со безбедносни предизвици, останува камен-темелник и гарант на колективната одбрана и заедничките демократски вредности, а посветеноста на земјите членки содржана во Договорот од Вашингтон и понатаму ќе ги чува граѓаните безбедни. Обврските од Самитот на НАТО во Хаг се историски во контекст на јакнењето на Алијансата, а сега, во предвечерјето на Самитот на НАТО во Анкара, тие треба да се финализираат со највисока стапка на реализација. Беше подвлечено дека и покрај разликите низ децениите, Европа и Северна Америка успеваат да најдат заеднички јазик за отворените прашања. Парламентарците се согласија да продолжат со поддршката за Украина и да работат заедно на мировен договор со цврсти гаранции и спречување на идни деструктивни дејствија.
За време на состаноците во комитетите, беа дискутирани прашања поврзани со: одбраната и безбедноста на секој метар од евроатлантскиот простор; за руските и кинеските предизвици по евроатлантската безбедност; за хибридните закани и НАТО во контекст на стратешко планирање; за НАТО партнерствата како витален и важен дел од политиката на Алијансата; за визиите кон НАТО 2035, како и за напорите на ЕУ и НАТО во развој на одбранбената индустрија и безбедносните капацитети и улогата на парламентот во процесите на одлучување. Се разговараше и за состојбата со безбедносните ризици во Европа, стратешките приоритети на Алијансата и важноста на колективната одбрана во контекст на новите глобални предизвици.
Парламентарците имаа можност да се вклучат во директна дебата со повеќе истакнати и реномирани говорници, а им се обратија и белгискиот министер за одбрана и надоврешна трговија, Тео Франкен, заменик-генералниот секретар на НАТО, Џејмс Апатураи и заменик-шефот на НАТО претставништвото во Украина, Петер Хауге Берг.
Учеството на Делегацијата на овој настан претставуваше значајна активност во зајакнувањето на парламентарната дипломатија и поддршката за реформските чекори во глобалните динамични процеси, кои се од суштинско значење за нашата земја како членка на НАТО.
Македонија
Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка
Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди е пренесен во болница во Скопје.
Вчера во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал.
По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје.

