Македонија
Николовски: Соработката со државниот ревизор е значајна во борбата против корупцијата и криминалот
Денеска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со главниот државен ревизор, Максим Ацевски. На состанокот беше потенцирана важноста на соработката со Државниот завод за ревизија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Соработката со Државниот завод за ревизија е од исклучитечно значање во целокупната борба против корупцијата и криминалот и тоа не значи намалување на независноста на ДЗР, туку употребување на професионализмот и информациите за навремено постапување по ревизорските наоди од страна на надлежните институции. Професионалниот капацитет на оваа институција е важен за рационално користење на буџетските средства и спречување злоупотреба и овој пристап е вграден во последните владини одлуки за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги и за користење службени возила“, рече Николовски.
На состанокот вицепремиерот Николовски и главниот државен ревизор Ацевски разговараа и за реализацијата на мерките од планот за борба против корупцијата, како и за потребата од активирање на Ревизорскиот комитет во склоп на Владата.
„Не секогаш треба да се ревидираат само расходите направени од буџетот на државата. Приходите се еднакво важни. Со ваквиот пристап Државниот завод за ревизија со својата работа придонесе за влевање во буџетот на државата на 10 милиони евра во минатата година. На тој начин нашата работа има додадена вредност и за буџетот на државата и за граѓаните“, рече главниот ревизор Ацевски.
Николовски посочи дека наодите од ревизроските извештаи, во кои се нотира незаконско работење на институциите, се добар патоказ за надлежните институции за понатамошно постапување и дека секој ревизорски извештај детаљно се разгледува и на владините седници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

