Македонија
Николовски: Со измените на Статутот воведуваме мерит систем и ја зголемуваме мобилноста на партијата
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25-тиот Конгрес на партијата најави дека со новиот Статут се предвидуваат и организациите на СДСМ во другите држави, кои ќе учествуваат во работата на партијата преку свои делегати и ќе добијат официјално и статутарно признание за нивната долгогодишна несебична помош и нивниот третман во партијата.
„СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем. Тоа ќе го надградиме. Реализација на дадените задачи од страна на централата на СДСМ, по предвидениот Фиксен месечен календар кои општинските организации преку претседателот го следат и реализираат. Нашата цел е зголемена ефикасност и мобилност на партијата која ќе овозможи континуитет во работата на партијата, исполнување на програмите и ветеното како и присутност помеѓу граѓаните“, порача Николовски.
Во обраќањето, генералниот секретар Николовски се осврна и на целите на идното работење на партијата.
„Пред нас имаме нови цели во однос на напредокот на државата но и во однос на работата на партијата. Време е да ја зголемиме динамиката на работа во СДСМ на сите нивоа. Партијата да работи со полна пареа, соодветно на одговорноста што ја има добиено од граѓаните. Заедно, можеме да постигнеме се. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро! Ве повикувам заедно да продолжиме по патот кој го трасиравме, по вистинскиот пат. Не само затоа што можеме уште повеќе и уште подобро! Пред се, затоа што сакаме!, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

