Македонија
Николовски: Со новиот закон, за вино лозарите за првпат добиваат гарантирана откупна цена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денашната средба со лозарите во Кавадарци, ги информираше лозарите дека новиот закон за вино, подготвен од министерството, веќе е во собраниска процедура и очекуваме негово донесување до 4 април оваа година.
„Нашата искрена грижа за овие два важни сектори ја потврдуваме и со подготвениот нов закон за вино. Закон што на лозарите конечно им дава гарантирана откупна цена на винското грозје. Закон кои го отцртува идниот развој на овие важни сектори“, истакна министерот Николвоски.
Тој додаде дека не беше ниту малку лесно да се подготви ваков закон, а притоа да нема никакви забелешки, ниту од винариите, ниту од лозарите. Потребно беше многу труд, енергија, состаноци со винариите, со лозарите, за да се подготви решение кое ќе биде прифатливо, а со тоа и успешно решение истакна на средбата министерот Николовски.
„Со овој нов предлог Закон за вино ќе се утврдува производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството“, истакна министерот Николовски.
Преку новиот закон системот за заштита на географските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство, предвидувајќи истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака.
Дополнително со новиот закон за вино следува и поголема поддршка за лозарите, бидејќи во законот се предвидува подготовка на посебна програма за директна поддршка во лозарството. Токму затоа во интерес на лозарите неопходно е брзо и без блокирање, донесување на ова важно законско решение.
Новиот закон за вино се подготвуваше посветено, во директна консултација со земјоделците, винариите, научната јавност и земјоделските здруженија. Со овој закон ги развиваме овие значајни сектори, го зголемуваме извозот на македонско вино, и го позиционираме уште повисоко на винската мапа.
На средбата со лозарите во Кавадарци присутни беа и државаниот советник за рурален равој, Трајан Димовски, раководителите на секторите за рурален развој и секторот лозарство, винарство и овоштарство, како и пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.