Македонија
Николовски со нови сознанија: Дури и Владата да ги донесе законите за работни часови, ќе плати 53 милиони евра пенали за ништо
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, објави нови детали од спорниот договор за Коридорот 8.
Тој вели дека откако Владата ги потврдила неговите наводи дека доколку не се воведе 60-часовна работна недела, Македонија ќе плаќа огромни пенали или дополнителни трошоци за изведба, како што ги нарекува Владата, ќе го сподели со јавноста документот во кој се наведени пеналите/трошоците што ќе ги платат сите граѓани:
– минимум 53 милиони евра еднократно;
– 2.165.000 евра секој месец!
Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека во согласност со истиот договор, Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60-часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со „Бехтел и Енка“! Исто така, пишува дека дури и да се донесе законот по овие 45 дена, сумата од 53 милиони евра ќе се плати!
Договорот Влада – „Бехтел и Енка“ беше потпишан на 8 март, а 45 дена поминуваат на 22 април! Тоа значи дека на 23 април сите граѓани на Македонија за ништо ќе треба да платат 53 милиони евра!
Ова не е само основ за оставка на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не им бегаат!“, порача Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

