Македонија
Николовски – Тимоние: Направен е сериозен прoгрес во реформите

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска се сретна со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.
Како што соопштија од партијата, на средбата Николовски истакнал дека во изминатите две години Владата предводена од СДСМ се посветила на реформите, ги решила отворените прашања и направила сериозен напредок во реформскиот процес, што е препознаено и нотирано и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.
„Бевме фокусирани на реформите дома, ги сработевме сите задачи, направивме значаен напредок во реформите, кои се важни за напредокот кон ЕУ, но пред се се важни и за нас како општество. Затоа, со право очекуваме овие успеси да бидат вистински вреднувани со почеток на преговорите за пристапување во ЕУ наскоро. Подготвени сме за почеток на процесот на преговори, подготвени сме за уште позасилено ангажирање на сите расположливи капацитети во реализација на реформите. Реформскиот процес ќе продолжи во интерес на иднината на државата и сите нејзини граѓани“ , рекол Николовски, соопштија од партијата.
Амбасадорот Тимоние посочил дека Република Северна Македонија во изминатиот период направила многу во процесот на интеграција и доближувањето до ЕУ и НАТО и истовремено порачал дека е важно напредокот да продолжи, а тоа е можно со продолжување на реформските процеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.