Македонија
Николоски-Варнс: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс.
На средбата министерот Николоски ја потенцира одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласи стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач.
Министерот Николоски информираше за реформските процеси и приоритетите на Владата и Министерството за транспорт како клучни за подобрување на животниот стандард, економскиот раст и борбата против корупцијата за што беше нагласена и силната поддршка на страна на САД.
На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата за што министерот Николоски ја истакна огромната важност во исполнување на владните цели за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се разговараше и за проектите што се планирани во идниот период, засилената динамика во работењето на коридорите 8 и 10.
Министерот разговараше и за проектите во железничкиот сектор, проектот за брзата железница како еден од поважните стратешки проекти.
Министерот Николоски ја истакна и стратешката определба на земјата за членство во Европската унија како и континуираниот придонес на Македонија во зајакнување на односите во НАТО Алијансата.
Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на соработката меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

