Македонија
Николоски: Владата да одговори како ќе гласат амандманите на Уставот
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска на прес-конференција побара одговор како ќе гласат амандманите на Уставот на Република Македонија.
„Имајќи предвид дека Владата и МНР, како и министерот Димитров како потписник на договорот бегаат од одговори, а премиерот Заев ја кажа вистината кога рече дека помеѓу другото не ги објавуваат амандманите затоа што народот ќе се чувствувал непријатно и тоа ќе влијаело на одлуката на референдумот. Сакам да прашам – која е причината што пред најкрупната одлука граѓаните се излажани, изманипулирани и ги немаат сите факти пред себе за да можат да донесат правилна одлука на 30 септември“, праша Николоски.
Тој побара од Владата да не бега од одговори со фрази за членство во ЕУ и НАТО туку конкретно да одговори и да се произнесе. ВМРО-ДПМНЕ праша дали е вистина дека амандманите се веќе подготвени и се кријат од јавноста. Според сознанија на опозицијата, тие не се подготвени од македонската Влада, туку од грчката и се дадени во форма на нонпејпер.
„Од македонска страна е ангажиран само еден пензиониран професор по уставно право, чија задача е само технички да ги среди истите. На што се должи ваквиот капитулантски однос кон Грција таа да ги пишува амандманите што треба македонското Собрание евентуално да ги усвои?“, рече Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

