Македонија
Николоски: Во Штип се гради како никогаш досега, над 12,5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата
Преку 12, 5 милион евра инвестираме само оваа година во Штип и овој обем на инвестиции во инфраструктурата во градот никогаш претходно не се случил, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општина Штип.
Николоски и градоначалникот Јорданов денеска извршија увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината.
Министерот истакна дека во Штип се гради како никогаш досега, инфраструктурно се развива забрзано, а за следната година најави дополнителени проекти за сите општини.
„Драго ми е што на денот на ослободувањето на Штип сум во градот, духот на Народноослободителната борба веќе 80 години се чуствува и сега продолжуваме во тој дух да ја развиваме и градиме Македонија. Нема ништо подобро од тоа да инвестираме во инфараструктурата. Штип го има еден од најдобрите градоначалници во Македонија бидејќи ваков обем на активности ретко можете да видите во другите општини и тоа е за поздравување. Во таа насока, во тек е реконструкција на улиците Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ каде се наоѓаме, а претходно ја завршивме улицата Широк Дол. Со средства од буџетот, Штип доби околу 2 милиони евра за развој на еден голем проект а тоа е градска магистрала од населба Железничка до м.в. Рибник за што веќе потпишавме и договор со општината.
На последната седница на Влада одобривме дополнително 1, 5 милиони евра за изградба и реконструкција на водовод и канализации на улиците Асном, .”Боро Милевски”,”Рудо”, ”Христијан Тодоровски Карпош” за Ромската населба “Света Недела како и Три Чешми и следната недела тендерот ќе биде распишан. Исто така вчера објавивме и теднер за доизградба на браната Отиње” – изјави Николоски.
Градоналаникот Иван Јорданов исткна дека подршката од Владата е огромна за Штип.
„Продолжувме и во следниот период со силни инвестиции во Штип. Штип наликува на огромно градилиште не само на постоечката инфраструктура, туку создаваме и нова. Во оваа населба Леваци, прв пат после неколку децении откако е изгрaдена се прави реконструкција и тоа само дава додадена вредност за целиот град”, истакна Јорданов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

