Македонија
Николоски: Економијата и инфраструктурата во фокусот на средбите со високи претставници од ЕУ, министрите од регионот и европските банки
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ја започна својата работна агенда во Брисел каде оствари средба со „Пријатели на Европа“ на која се зборуваше за актуелните политички и економски случувања во Европа и регионот на Западен Балкан.
Тој најави бројни политички и економски средби со високи претставници на Европска Унија како и меѓународни финансиски институции на кои ќе разговара за инфраструктурните проекти во Македонија.
„Честта е голема, ‘Пријатели на Европа’ е најголемата тинк тенк организација која што директно ја подржува Европската Унија. Јас имав чест во 2022 година да бидам избран за највијателна личност 40 под 40 во Европа токму од “Пријатели на Европа” и тоа е големо признание, нешто што останува цел живот и од тогаш ја имаме комуникацијата со Пријатели на Европа. Навистина многу престижни настани, настани каде неформално ќе може да зборувате. Ќе ги сретнам најважните европски дипломати, тука е потпретседателот на Европската Инвестициска банка, ќе зборуваме за големи инфраструктруни проекти. ЕИБ го финансира и најголем дел од третата делница од Коридор 8 од железничкото поврзување со Бугарија.
Доаѓаат премиери на различни држави, министри, бизнис заедницата и навистина за Македонија ова значи многу и треба да сме присутни тука бидејќи ги даваме нашите аргументи и она што го правиме. Јас покрај политичкиот дел, многу ќе зборувам и за економскиот и инфраструктурниот дел, тоа е фокусот на мојата посета и она што ќе го бранам. Веќе во петок ќе имаме многу значајна средба со Комесарот за транспорт Апостолис Цицикостас со кој што ќе зборуваме за развој на двата кордидори 10 и 8, ќе презентираме она што досега го имаме направено како и за нови проекти“, кажа Николоски.

„Исто така очекувам средби со министрите од Грција, Бугарија, ќе зборуваме за спојувањето на двата коридори и ќе има и нови проекти за кои ќе ги зборуваме и да видиме дали ќе можеме да најдеме заедничко финансирање во делот на Планот за раст за Македонија, но исто така и во делот на големите банки кои што можат да застанат позади ова, дали е тоа ЕИБ, ќе се видам со потпретседателот на банката или ЕБРД, заеднички да можеме да ги изработиме овие проекти.
Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот, иако не излегуваме на море, имаме една уникатна локација која што двата Коридори 8 и 10, исток-запад и север – југ се сечат источно од Скопје и тоа е главната придобивка која мораме да ја дадеме за генерациите што доаѓаат после нас“, изјави вицепремиерот Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

