Македонија
Николоски: Заев и Ковачевски и направија непоправлива штета на Македонија
Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше запрашан за резолуцијата на ЕПП за која што СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала, а со истата се рушат позициите на Македонија.
„Па, два коментари сакам да дадам тука, прво за жал порано се боревме со лажни вести на дел медиуми кои што повеќе беа во т.н. жолта штампа отколку сериозни медиуми. А, сега создавачи на лажни вести за жал се владејачките политички партии. Зборуваат за резолуција која што ниту ја прочитале, ниту ја виделе, ниту ја презентирале во јавноста. На пример во таа резолуција пишува и за создавањето на лажни вести, веројатно треба тој пасус малце подобро да го прочитаат“, истакна Николоски.
Тој додаде дека во таа резолуција јасно пишува дека СДСМ ги злоупотребува судството и обвинителството за да врши прогон на политички неистомисленици.
„Мислам дека главен проблем на СДСМ во таа резолуција е што јасно пишува дека ги злоупотребуваат судството и обвинителството со цел да вршат политички прогон на политичките неистомисленици, пред се од ВМРО-ДПМНЕ, со што се потврдуваат сите наши тези дека во Македонија се води политички прогон. А, дополнително на тоа еве и уште еден коментар, мислам дека е смешно по малце и иронично СДСМ да зборува за патриотизам. Значи СДСМ, Ковачевски и Заев да зборуваат за патриотизам, луѓето кои што го потпишаа Преспанскиот договор, кои што потпишаа договор со Бојко Борисов, луѓето кои што променија Устав со цел промена на уставното име, кои што воведоа двојазичност во Македонија. И луѓе кои што потпишаа договор со Бугарија во кој што пишува дека имаме заедничка историја со Бугарија, а сите знаеме дека не е така, луѓето кои што ги рушат темелите на Македонија и прават непоправливи штети на Македонија и пред се за македонскиот народ како доминантен народ во Македонија, да зборуваат за патриотизам мислам дека е под секое достоинство и под секое ниво“, нагласи Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

