Македонија
Николоски за расправиите Русковска – Муареми: Нивните меѓусебни обвинувања ќе покажат кој и што правел
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес од Тетово одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има според него судир меѓу обвинителството и финансиска полиција, и коментар за судирот на Рускоска со финансиска полиција истакна дека Македонија тоне во криминал и корупција, економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите коишто биле ставани под тепих, а меѓусебните напади ќе покажат кој, што и како правел.
„Па гледаме дека има бројни преписки во наводници овие денови, за жал Македонија тоне во криминал и корупција, вистинската дефиниција за Македонија е дека економијата тоне, а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите коишто биле ставани под тепих. Броен е криминалот во сите области и во сите сектори, за жал оние коишто треба да го сузбиваат криминалот не само што не го сузбиваат туку очигледно и го стимулирале, па очигледно еве и меѓу себе како што се напаѓаат ќе ни покажат на сите нас кој, што и како правел, напаѓајќи го едниот другиот веројатно ќе ја добиеме целосната слика“, нагласи Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

