Македонија
Николоски: Институциите да испитаат со кои пари се купени имоти во Дубаи од страна на роднини и бизнисмени блиски до владата на СДСМ
Институциите да испитаат со кои пари се купени имотите во Дубаи од страна на роднини и бизнисмени блиски до владата на СДСМ, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање дали има поконкретни информации за случаите со незаконското перење пари во Дубаи.
Николоски нагласи дека од она што се објавува по медиумите помеѓу сопствениците на имот во Дубаи се роднини и бизнисмени кои се блиски до актуелната гарнитура на власт, апелирајќи до надлежните институции да ги испитаат овие наводи со цел да се дознае на кој начин е стекнат имотот.
„Според податоците кои јавно беа изнесени, бројни лица од Македонија и бизнисмени поседуваат имот во Дубаи, она што се навестува во јавноста, пишуваа и одредени ваши колеги е дека помеѓу сопствениците на имот се роднини и бизнисмени коишто се блиски на актуелната гарнитура на власт а всушност мислам дека и целата јавност е запозната со честите посети на одредени богати семејства од Македонија во Дубаи коишто не се ни кријат, да ги објават фотографиите од Дубаи на социјалните мрежи. Она што треба да го одговорат во јавноста е за колку пари го имаат купено имотот? Дали е тоа направено преку легални трансакции и дали можат да докажат потекло на парите, а ги повикувам надлежните институции и пред сè управата за финансиско разузнавање, финансиската полиција, управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи да ги испитаат овие наводи затоа што ова не се наводи од улица условно кажано, туку се наводи коишто ги даваат врвни новинарски имиња и од регионот и од Европа, но и од светот. Така што треба да дадат одговори на овие прашања, на кој начин и со кој пари се стекнати тие имоти и дали тие имоти се можеби, односно тие пари се производ на кривични дела“, порача Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре (06.01.2026), по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

