Македонија
Николоски и Милошоски на молитвен појадок во Вашингтон во организација на Доналд Трамп
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, заедно со прeтседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, наредниве денови ќе бидат во работна посета на Вашингтон.
Kако што информираат од опозициската партија, двајцата во рамките на посетата ќе присуствуваат на молитвениот појадок во организација на претседателот на САД, Доналд Трамп. Молитвениот појадок претставува најпрестижен политички настан во САД на кој доаѓаат врвни политичари од САД и целиот свет.
Покрај присуството на молитвениот појадок, Николоски и Милошоски ќе имаат и голем број билатерални средби со конгресмени, сенатори и претставници на тинк тенкови и институти, како и средби со македонската дијаспора, која е од огромно значење за државата.
Николоски и Милошоски ќе се сретнат со сенаторот Мајк Ли и конгресмените Мајк Дојл и Роберт Адерхолт.
„На средбите во Сенатот и Конгресот на САД, Николоски и Милошоски ќе информираат за политичката состојба во Македонија, за криминалот и корупцијата, како и за економското фијаско и уназадувањето на државата, но исто така ќе ги информираат соговорниците за плановите на ВМРО-ДПМНЕ и обновата што следува по победата на парламентарните избори во април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За време на посетата се очекува и средба со Паул Мекарти, директорот за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а се планира и средба со потпретседателката на Националниот демократски институт (НДИ), Шери Брајан. Покрај средби со двата института, Николоски и Милошоски ќе остварат средба и со директорот за надворешна политика на реномираната фондација „Херитиџ“. За време на престојот во Вашингтон се очекуваат и средби со македонската дијаспора во Америка.
Делегацијата ќе ја потврди уште еднаш заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за членство во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

