Македонија
Николоски и Пандов разговарале за изградба на нови простории во затворот Идризово
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.
На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово.
Проектот, како што е наведено во соопштението, предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална.
Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа. Оваа одлука, како што е соопштено, доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците.
„Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите. Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализција на овој капитален проект“, истакнуваат од нивните кабинети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

