Македонија
Николоски: Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ, граѓаните не смее да бидат заложници на Заев
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата во Париз учествуваше во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права на Советот на Европа.
Една од основните точки на разговор, како што информира тој, било спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
„Една од државите што најмалку ги спроведува овие одлуки е нашиот сосед Бугарија, која не сака да ги спроведе одлуките поврзани, пред сѐ, со регистрирањето на организацијата ОМО ‘Илинден’ – ПИРИН. Јасно посочив дека Бугарија мора да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права, како и одлуките на парламентарното Собрание на Советот на Европа и на Комитетот на министрите на Советот на Европа со цел човековите права да бидат соодветно почитувани“, истакнува Николоски.
Додава дека денеска ќе оствари средби и во Сенатот и во Парламентот, каде што ќе се сретне со сенатори и со пратеници. При средбите вели дека ќе побара Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.
„Граѓаните на Македонија не смее да бидат заложници на корупцијата и на неуспехот на Зоран Заев. Тоа треба да го решат надлежните институции, но Македонија мора да почне преговори затоа што таа го заслужува тоа, а пред сѐ, граѓаните на Македонија. Корупцијата и економските неуспеси ќе бидат решавани од следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а европската перспектива ќе биде отворена за граѓаните на Македонија“, нагласи Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

