Македонија
Николоски: Македонија со СДС и ДУИ е единствена во светот каде не се градат автопати, а се плаќа за тоа што не е изградено
Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес е во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите“. Во рамки на посетата, потпретседателот Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ почнува голема теренска активност во која ќе бидат опфатени голем број населени места во Македонија.
„Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните пред се во селата, а секој вторник и секој четврток ќе одиме во урбаните средини. Следниот период ќе стигнеме до секој оној кој сака да не слушне, а и ние сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните, она со кое што се соочуваат, а секаде да поразговараме во однос на штетните политики кои што владата ги води како и се поевидентниот и брутален криминал и корупција“- истакна Николоски.
Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација. Заради политичка кратковидост владата не соработува со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ги блокираат и опструираат, но и покрај тоа се реализираат проекти.
„Проектите на владата не ги гледаме. И да не помагаат на општините, ди работеа само проектите на владата, Македонија ќе беше многу поубаво место за живеење. Јас не можам да се сетам на ниеден проект кој што оваа влада го има реализирано. Автопати не се градат, само се плаќаат пари, Сега има нова фаза, до пред некое време само не се градеа автопати, не се градеше Охрид-КИчево, не се градеше експресниот пат од Градско кон Прилеп, а сега сме во нова фаза каде што со Договорот за коридорите 8 и 10д автопати не се градат, ама пари се плаќаат. Тоа е врв на криминалот. Само вчера министерството за транспорт и врски префрли на изведувачите кои се избрани околу 120 милиони евра, а 120 зрна песок не се ставени на било која делница. Ова е врвна фаза на криминал за која што секако ќе има одговорност после промената на власта“– потенцираше Александар Николоски.
Николоски најави дека од документите кои што се добиени од свиркачи ќе продолжат да излегуваат делови во јавност. До сега се што излезе од овој договор не беше демантирано од страна на власта на ниеден начин, туку напротив се потврдува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

