Македонија
Николоски од Стразбур: Најголемата стратешка грешка е тоа што Македонија и Албанија се во иста група за преговори со ЕУ
Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ затоа што Владата на Заев не спроведува реформи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој присуствува на парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур.
Тој рече дека посетата ја искористил и за многубројни билатерални средби.
„За жал, заеднички е впечатокот дека Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ затоа што Владата на Заев не спроведува реформи. Не спроведува реформи во борбата против корупцијата, не ја подобрува економијата и не воспоставува функционален систем на владеење на правото. Односно, економијата тоне, корупцијата цвета и нема воспоставен систем на владеење на правото“, рече Николоски.
Тој истакна дека неговите соговорници биле изненадени од, како што рече, деспотскиот однос на Заев, кој реши, покрај премиер, да биде и министер за финансии. Сепак, како што рече Николовски, неподелен е впечатокот помеѓу сите оние со кои разговарал, дека најголемата стратешка грешка Владата на Заев ја направила договарајќи се со Еди Рама, Македонија и Албанија да влезат во иста група затоа што Албанија ја влече Македонија назад.
„Со сиот неред што се случува во Албанија и нефункционалноста на институциите таму, таа сериозно ја влече Македонија назад и ги уништува европските перспективи на македонските граѓани. Групата со Албанија е најголемото зло и најголемиот проблем што може да ѝ се случи на европската интеграција на Македонија и затоа силно апелирав и ги замолив сите оние со кои се сретнав да разговараат со своите министри за надворешни работи, да разговараат со своите премиери и да побараат одвојување на Македонија и Албанија со цел Македонија да чекори напред. Тоа е едниот пат што треба да го изоди Македонија, а вториот, секако, се внатрешните реформи“, рече Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

