Македонија
Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон целосна имплементација на преспанскиот договор.
Тој објасни дека гласањето во Собранието е доказ за ефективно и одговорно функционирање на демократскиот систем.
„Се надевам дека другите чекори го олеснуваат процесот. Ги охрабрувам политичките лидери да работат заедно, да го финализираат договорот и да продолжат со имплементацијата“, рече Нимиц.
Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше изгласана одлуката за пристапување кон уставните измени, во насока на целосно прифаќање на преспанскиот договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена стапката на морталитет во Македонија, жените живеат подолго од мажите

Кај бројот на починати лица во Македонија лани е забележан благ пораст од 0,1 процент во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според извештајот, лани починале 20.201 лица, од кои 10.604 се мажи (52,5%), а 9.597 жени (47,5%). Се забележува дека мажите, во просек, умираат 4 години порано од жените. Просечната возраст на починатите мажи е 71,9 години, додека кај жените таа изнесува 76,8 години.
Водечка причина за смрт с болестите на циркулаторниот систем, кои се причина за смрт кај 36,7% од вкупно починатите. Следна причина се неоплазмите (малигни болести) со 19,6%, а потоа ендокрините, нутритивните и метаболичките заболувања со 7,7%. Болестите на респираторниот систем сочинуваат 4,1% од вкупните случаи.
Минатата година се регистрирани и 47 смртни случаи кај доенчиња, што претставува 0,2% од вкупниот број починати.
Македонија
Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти, а беше изразено уверување во нејзиното натамошно унапредување, како и благодарност за константната поддршка и разбирање.
Министерот Тошковски се осврна на приоритетите и фокусот на МВР во периодот што следи, подвлекувајќи ја важноста и посветеноста на надградбата на капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа и реформите во министерството.
Македонија
Викендов сончево и малку посвежо време, од понеделник пораст на температурите

Утре ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.