Македонија
Нинџа: Младеноски му правеше бунт на Црвенковски во СДСМ по налог на УБК
Од 2012 година обвинетиот, па амнестиран за крвавиот четврток, Михаил Младеноски, како член на младината на СДСМ беше во соработка со УБК и Никола Бошковски. По налог на Управата, Младеноски правеше бунт против Бранко Црвенковски. И двајцата ми го имаат потврдено тоа, изјави обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на завршните зборови за крвавиот четврток.
Василевски додаде дека ова не била единствената активност на Михаил Младеноски поврзана со УБК. Цел на Управата бил и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
„Младеноски како агент провокатор има влезено и остварено средба со тогашниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Средбата била снимана, а снимката била планирана да се употреби за компромитирачки цели во изборите“, тврди Василевски по што додаде дека за сите активности Младеноски го информирал ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.
Василевски рече дека Михаил Младеноски и неговиот брат за сите акции за потребите на службата и тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер биле наградени со вработување во СИС, од каде што примале плата, без да одат на работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.