Македонија
Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња
Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април 2013 година, која беше презентирана денеска на судењето за изборни нерегуларности „Титаник”, може да се слушне како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ давале пари за честење неопределени граѓани по кафулиња, каде што истите биле убедувани да гласаат за партијата.
„Секој ден по 500 евра ни одат, давам на луѓе да одат по кафулиња да честат и да убедуваат неопределени. И за гласови давам по 1000 ден.“, му вели непознато лице на Јанакиески, на што ексминистерот одговара „ОК, ќе побараме плус”.
Од СМС-пораките исто така можеше да се слушне како Јанакиески ангажира лица да му достават списоци од пензионери кои користеле бесплатна бања, а живеат во општина Центар со цел истите да излезат на гласање.
„Во геријатрија кај Ленче само 3 стари лица се од Центар. Тие гласале, очекуваме податоци од пензионерските домови, адреси на лицата. Дај ми список на лица пензионери што користеле бањи од Центар бесплатно“, пишува во пораките кои обвинителката Лиле Стефанова ги презентираше во судницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

