Македонија
Нова лимитирана едиција на IQOS 3 DUO – Passion Red
Револуционерниот уред IQOS, со кој компанијата „Филип Морис“ овозможи на милиони пушачи кои не се откажуваат од пушењето да можат да одберат подобра алтернативна, повеќе две години е достапен и на македонскиот пазар.
Технологијата која стои зад овие електронски уреди овозможува загревање на тутунот на контролирани температури до најмногу 350° Целзиусови, процес кој целосно го елиминира согорувањето. Поради отсуството на согорувањето IQOS уредите не испуштаат чад, туку аеросол кој содржи никотин, а при тоа не се создава пепел. Во аеросолот од IQOS уредите измерено е и до 98% намалување на одредени нивоа на штетни или потенцијално штетни соединенија, споредено со чадот од цигарите.
Но, во духот на денешното модерно време, IQOS уредите се секогаш со впечатлив, уникатен и модерен дизајн. Така е создадена и лимитирана едиција Passion Red, која е во страсна црвена боја и златен капак за полнач, со боја која се прелева и које е веќе достапна, ексклузивно за онлајн нарачка преку страницата или виртуелна зона како и кај IQOS партнерите, до 15 август. Потоа уредот ќе биде достапен и на IQOS зоните.
IQOS е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.
Македонија
Магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри Прилеп и Македонски Брод, 50 до 70 метри Струмица и Берово и на патниот правец Тетово – село Гајре, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)