Македонија
Нова медицинска опрема на Клиниката за дигестивна хирургија
Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија и нови хируршки инструменти од денеска се ставени во употреба на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за т.н. столбови, кои се наменети и ќе најдат примена во прецизната лапароскопска хирургија. Покрај столбовите, за оваа клиника се набавени и хируршки инструменти, како и нова современа технологија што ќе се употребува секојдневно во трите операциони сали.
„Ако земеме предвид дека станува збор за многу софистицирана технологија, тоа значи дека набавката на оваа опрема значително ќе го унапреди квалитетот на пружање здравствена заштита. Истовремено набавката е важна со оглед дека столбовите за лапароскопска хирургија со години не се обновени. Поконкретно, столбовите не се обновени во изминатите 27 години, од 1992 година. Но, со новите апарати и инструменти на лекарите ќе им биде олеснета работата, а пациентите ќе добијат поквалитетна услуга“, рече министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека средствата за оваа намена се обезбедени од Министерството за здравство.
Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Зоран Караџов, вели дека новата опрема е врвот во развојот на технологијата во лапароскопската хирургија и овозможува изведување најсовремени минимално инванзивни процедури, од кои најголема полза имаат пациентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.
Македонија
Началник во МВР нападнал лице и со службен пиштол го удирал по глава – поднесена е кривична пријава
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“.
„На 12 јануари во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари, противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Македонија
Нормализирана испораката на топлинска енергија
Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа.
Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска енергија се реализира согласно мрежните правила кај сите станбени и деловни објекти каде што утрово после 10 часот беше намален квалитетот на испорака, со исклучок на дел од потрошувачите во Општина Центар, велат од ЕСМ.
Оттука додаваат дека продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот во близина на Олимписки базен, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод.
Станува збор за интервенција врз магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
Директорот на ЕСМ, Петар Милетиќ ја обвини претходната власт за двегодишна целосна негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа.
„Претходното раковоство кадри на СДСМ и на ДУИ кои несовесно и неодговорно раководеа со системот за дистрибуција на топлина придонесуваат за појава на неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод. Некоректно е дефект на топлификациската мрежа кој е последица на негрижата на претходното раководство, да се користи за паника и вознемиреност кај граѓаните на Град Скопје во функција на добивање ситни дневнополитички поени“, вели Петар Милетиќ.