Македонија
Нови вонредни летови за враќање на македонските граѓани дома
„Визер“, најголемата нискобуџетска авиокомпанија во централна и источна Европа, вчера спроведе нови вонредни летови со кои превезе 138 македонски државјани од Лондон Лутон, кои немаа можност да се вратат дома поради рестрикциите за патување предизвикани од пандемијата на Ковид-19. И новите летови повторно се резултат на блиската соработката помеѓу „Визер“ и Владата. „Визер“ повторно одговори со навремена и брза помош на патниците што имаа потреба да се вратат дома кај своите сакани, соопшти компанијата.
Првиот лет беше од Скопје до Лондон Лутон слетувајќи на дестинацијата во 14.15 часот по локално време на 6 април. Од таму со 138 патници на летот авионот се врати во Скопје, каде што слета во 19 часот по локално време. Вклучувајќи го и овој лет, „Визер“ вкупно дома врати повеќе од 600 македонски граѓани од Хрватска, Малта и од Германија. Сите летови беа организирани со „ербас A320“. „Визер“ е посветен да им помага на своите македонски и европски патници. Активностите на авиокомпанијата го претставуваат верувањето на компанијата, а тоа е дека заедничката соработката е единствениот начин да се надминат сите предизвици што ги предизвикува пандемијата на Ковид-19, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

